Испорака и враќање

Испорака на нарачан производ:

Нарачаните производи се испорачуваат со приложена испратница,фактура за извршеното плаќање или фисклана сметка.

Купените производи се доставуваат до адресата којашто ја навел како адреса за испорака. Трошоците за испорака се пресметуваат според одбраниот начин на плаќање. Динамиката на испорака ќе зависи од начинот на испорака којшто е избран од страна на купувачот.

Трошоците за испорака на нарачката ќе бидат јасно претставени, издвоени и лесно видливи во однос на цената на производот. Збирот на овие две цени (цена на производ и цена на услугата – испорака) ќе биде исто така јасно истакнат и назначен при процесот на плаќање.

Достава:

Доставата во Скопје е бесплатна и се врши во текот на истиот ден.

Доставата на проиводите на останатата територија на Република Северна Македонија се врши нареден ден во зависност од времето на порачката и опциите со каргото. Цената се зголемува во зависност од трошоците на каргото и нарачателот ги плаќа при преземањето. Вообичаено цената се движи помеѓу 100 и 200 денари. Пред да се достави пратката доставувачот е должен да Ве исконтактира на дадениот телефон за да Ве извести за доставата и да се договорите за времето и местото.

Производите кои не се на залиха се посебно означени, Ве молиме контактирајте нė за да добиете попрецизна естимација на времетраењето на доставата за ваквите прозводи

Враќање на купен производ:

Купувачот при прием на пратката треба да ја прегледа истата, да провери дали испорачаното одговара на нарачката и во присуство на нашиот доставувач да утврди дека производите се во добра состојба или пак, во истиот момент треба да се пожали доколку пратката е неисправна.

Купувачот има право да побара враќање на производот кога:

  • се испорачани производи кои не се нарачани, или
  • кога се испорачани производи кои имат грешка или оштетувања кои настанеле при транспортот или од производителот.

Правото на купувачот да го врати производот што му е испорачан ќе се почитува само доколку:

  • производот не бил употребуван;
  • сочувани се: изгледот, употребните својства, пакувањето и фабричките етикети на производот;
  • при поднесување на барање за замена односно враќање на производ приложи фискална сметка или сметкопотврда и целокупната друга документација која на потрошувачот му била издаденa заедно со производот.

Производот кој е неупотребуван, неотпакуван, може да се врати во рок од 5 дена, заедно со приложената фактура и истиот да се замени со соодветен нов.